Русија испраќа уште трупи во Херсон и можеби се подготвува за негова одбрана, изјави шефот на украинските разузнавачи Кирило Буданов, откако Киев претходно сугерираше дека некои руски единици се повлекуваат.
Додека Украинците напредуваат во Херсон, Русија почна да шири тврдења дека Киев се подготвува да употреби „валкана бомба“, конвенционален експлозив засилен со радиоактивен материјал. Западот и Украина ги отфрлија овие обвинувања, додавајќи дека Русија би можела да го искористи ова како изговор за натамошна ескалација.
Руските власти во изминатите денови наредија евакуација на десетици илјади цивили од овој јужен регион, но според Буданов, Москва на тој начин само сака да создаде привид дека ситуацијата е изгубена












