Русија ја симнува забраната за увоз на македонското коскесто овошје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација од понеделник 27 мај 2019 година целосно ја укинува забраната за увоз на македонско коскесто овошје.

Ова значи дека македонските производители повторно ќе можат да извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектаринки во Руската Федерација.

Забраната за извоз на македонското коскесто овошје во Русија, стапи на сила во август минатата година по утврденото присуство на штетниот организам Monilinia Fructicola.

mk.rbth.com

Share.