Русија ќе ја обезбедува посетата на инспекторите во Дума

0
172

Руската војска соопшти дека ќе ја обезбедува посетата на инспекторите на меѓународната Организација за забрана на хемиското оружје на локацијата во сирискиот град Дума каде што се верува дека бил извршен напад со хемиско оружје на 7 овој месец. Според руски претставници експертите би требало да пристигнат во Дума во текот на утрешниот ден. Сириски активисти соопштија дека над 40 луѓе загинале во хемискиот напад на сириските владини сили во Дума. Сириската влада тоа го негира, а САД, Британија и Франција како одговор на нападот извршија воздушни удари во Сирија.