Руската црноморска флота „на нозе“ поради предупредување за напад врз Сирија

0
315

На противвоздушната одбрана на Црно Море ѝ е дадено предупредување за напад, соопшти Карл Билт на Твитер, а веста ја пренесоа и дел од агенциите. Се чека официјална потврда.

Некои медиуми пренесуваат дека руското министерство за одбрана издало наредва борбената готовност на црноморската флота да се крене на највисоко ниво и дека е издадено предупредување за евентуален напад откако било забележано дека воени бродови на западната коалиција, предводена од САД, Британија и Франција, тргнале кон Сирија.

Според некои информации, нападот може да се случи во следните 24 часа. Се тврди дека испраќањето воени бродови кон Сирија е реакција на сѐ уште непотврдениот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума.

За нападот се обвинува сирискиот режим на чие чело е Башар Ал Асад, и кој во сирискиот конфликт го поддржуваат Русија и Иран.

mkd.mk