Рускиот дипломат бил вмешан и во обиди за пенетрирање во високите ешалони на власта

0
721

Протеравањето на рускиот дипломат не е само последица на солидарност за случајот „Скрипал“ туку истиот бил вмешан и во активности на руското разузнавање кои целеле кон инсталирањето руски агенти во високите ешалони на дел од извршната власт, дознава телевизија 24 од  високи извори во македонската полиција.

Институциите не споделуваат информации дали руското разузнавање имало успех во агендата, но документ од Мрежата за известување за организиран криминал и корупција објавен во петтата епизода на емисијата Проверено кој потекнува од македонското контраразузнaвање посочи дека тие уште пред повеќе од две години следеле активности чии намери биле токму тоа – пенетрирање во македонските институции.