Руски авион се урна во Сирија, загинаа сите 32 патника

0
203

Руски транспортен авион се урна во близина на воздушната база Хмеимим во Сирија при што загинаа сите 32 патници. Руски медиуми јавија дека 26 патници и 6 членови на екипажот загинале кога транспортниот авион се урнал при слетувањето во базата.

Според нив, несреќата најверојатно е предизвикана од техничка грешка. Медиумите цитираат извори од Министерството за одбрана, според кои, немало пријавен напад врз авионот.