Украинскиот главен град Киев и околината ноќеска повторно биле нападнати од Русија со борбени дронови од иранско производство.
Цел на руските напади врз Киев и околината биле објекти на критичната инфраструктура, соопшти градоначалникот на украинскиот главен град, Витали Кличко на Телеграм. Техничарите прават напори за стабилизирање на снабдувањето со струја и греење, во одделни делови од градот има вонредни прекини на електричната енергија, истакна Кличко.
Украинското воено раководство стравува од нови засилени ракетни напади во периодот околу Нова година.












