Руски новинар, критичар на Кремљ убиен во Киев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Четириесет и едногодишниот Аркадиј Бабченко им починал на раните на пат кон болница откако, соопшти полицијата, додавајќи дека постои сомневање оти убиството било поврзано со професионалните активности на Бабченко.

„Застрелан во грб, најмалку два пати е новинар и презенетер на каналот АТР. Неговата сопруга била дома и слушнала пукање. Според првичните информации, таа излегла од бањата и го видела нејзиниот сопруг облеан во крв“, изјави ортпаролот на полицијата Јарослав Тракало.

Бабченко, поранешен војник во чеченската војна, кој стана еден од најпознатите воени известувачи на Русија, ја напушти својата татковина, плашејќи се за својот живот, откако ја критикуваше руската политика во Украина и Сирија.

„Ова е трагична загуба, огромна загуба за новинарството, бидејќи тој беше еден од малкумина што ја напишаа вистината за тоа што прави Руската Федерација. И ако не беше опасно за нив, ако не се грижеа за тоа, тие не би го убиле. Тоа е пресметан, намерен меѓународен терористички криминал со директни инструкции од руските власти“, изјави директорот на каналот АТР Ајдер Муждабаев.

Пред две години Павел Шеремет, белоруски новинар, познат по своите критики на раководството на неговата земја и по неговото пријателство со убиениот руски опозициски водач Борис Немцов, беше разнесен во автомобил-бомба во центарот на Киев.

Москва негира каква и да е вмешаност во убиството на Бабченко и најави сопствена истрага.

Share.