Руски романси во Битола

0
969

Во рамки на Бит – Фест во Завод и музеј во Битола вечер на руски романсијади кои ги изведуваа студенти од музичките академии од нашата држава. Горда сум што оваа недела во Битола е руска недела и е добра прилика за нашите студенти кои ја изучуваат руската музика да можат да го покажат пред битолската публика она што го работат. Истакна корепетиторот од македонска опера и балет Елена Силјановска.

Лука Петешев е млад соло пејач кој имаше прилика да ја претставува Македонија во Москва. Воодушевен сум од Москва тоа е прекрасен град и го препорачувам на секој кој има прилика да го посети. Истакна Петешев.

Битолчани имаа можност да уживаат во изведбите на Катица Мишевска од класата на проф. М-р Весна Гиновска –Илкова, Магдалена Тодоровска од класата на проф. м-р Ана Дурловски, Лука Петешев од класата на  проф. М-р Борис Трајанов и Тодор  Арсовски –  проф. М-р Весна Гиновска –Илкова.