Руски хеликоптер Ка-52 се урна во Сирија, двата пилоти загинаа

0
232

Руски борбен хеликоптер камов Ка-52 се урна во Сирија, а двата пилоти загинаа, соопшти руското министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека хеликоптерот се урнал „при рутински лет над источните региони на Сирија“. Телата на двата пилоти се најдени, пренесува ТАСС.

Според првичните информации, причината за падот на хеликоптерот би можела да биде техничка неисправност, се додава во соопштението на руското министерство.

mkd.mk