Руски хеликоптер се урна во Балтичкото Море

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Руски транспортно-борбен хеликоптер од типот Ка-29 се урна денеска во водите на Балтичкото Море, при што загинаа двајцата членови на екипажот на леталото.

Како што соопшти Балтичката флота на руската Воена морнарица, хеликоптерот се урнал за време на вежбовен ноќен лет, при поволни временски услови.

Причините за падот на леталото засега не се познати.

Share.