РФМ се огласи по турканиците: РК Пелистер како локален организатор ќе ги рефундира парите од билетите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометната репрезентација на Македонија со соопштение се огласи по редиците пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Имено, стотици гледачи со уредно купен влезен билет не влегоа во салата, заради преголемиот број на луѓе во објектот.

Почитувани пријатели на ракометот,

Ракометната Федерација на Македонија ги отстапи влезниците во целост на РК Пелистер за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија – Турција кој се одржа во спортската сала „Боро Чурлевски”.

Ракометната Федерација на Македонија упатува извинување до сите кои имаа обезбедено влезници, а немаа можност да присуствуваат на натпреварот и истите ќе бидат финансиски надоместени од страна на РК Пелистер.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија.

Share.