САД ги приземјија авионите на Боинг од моделот 737-Макс 8

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот Доналд Трамп вели дека САД ги приземјат патничките авиони од моделот на Боинг како оној кој се урна во Етиопија во кој загинаа 157 лица.

Претседателот кажа дека Боинг е одлична компанија, но додаде дека безбедноста на граѓаните е поважна.

Претходно, Канада ги забрани летовите на новиот авион Боинг 737-Макс 8.

Канадскиот министер за транспорт, Марк Гарно во Отава кажа дека одлуката била донесена по добиените сателитски податоци кои укажуваат дека несреќата во Етиопија и онаа во Индонезија биле слични.

Одлуката на Канада уследи по потврдата дека пилотите на летот 302 на Етиопија ерлајнс известиле за внатрешен проблем со авионот.

Исто така во последниве месеци најмалку пет американски пилоти се соочиле со проблеми управувајќи со моделот на Боинг.

Share.