ТЕРА

REKLAMA???

САД И БРИТАНИЈА НАПАДНАА ЦЕЛИ ВО ЈЕМЕН

САД и Велика Британија извршија големи воздушни напади врз цели во Јемен поради нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното Море.

Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската и британската армија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, рано утринава извршиле напади врз областите под контрола на Хутите.

Беа погодени повеќе од 12 цели, вклучително и главниот град Сана и Ходеида, пристанишното упориште на Хутите на Црвеното Море. Мета беа логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје.

Американските сили и сојузниците погодија повеќе од 60 цели на 16 локации што ги користат Хутите во Јемен, соопштија американските воздухопловни сили.

Според соопштението, тие вклучуваат командни и контролни јазли, складишта за муниција, системи за лансирање, производствени капацитети и радарски системи за противвоздушна одбрана.

Во нападите, како што пренесува Би-Би-Си, биле употребени повеќе од 100 ракети.

„Остануваме посветени на нашите клучни партнери низ Блискиот Исток во одбраната од милициските групи поддржани од Иран, вклучително и милитантите Хути, и заканата што тие ја претставуваат за регионалната безбедност и стабилност“, соопшти Централната команда на воздухопловните сили.