САД и Германија нудат на нивна територија да бидат двете нови команди на НАТО за одвраќање на Русија

0
316

Соединетите Американски Држави и Германија понудија на нивна територија да бидат двете нови предложени команди на НАТО со цел одвраќање на Русија, соопштија дипломати и функционери, како знак на поддршка на јакнењето на воените сили на пактот.

Како дел од одговорот на НАТО на руската анексија на Крим во 2014, сојузниците разгледуваат северноатлантска команда за стратегија и планирање за безбедност на поморските патишта од непријателските морнарици, како и логистичка команда за побрзо движење на силите низ Европа во секој можен конфликт.

Одлуката сѐ уште не е донесена, но американскиот министер за одбрана Џим матис ќе се сретне со министрите за одбрана на другите земји членки следната недела во Брисел за да се разгледаат плановите за двете команди, како подготовка за лидерите на НАТО кои формалната одлука ќе ја донесат на самитот во јули.

„Германија и САД дадоа понуда, што е добар знак за нивната поддршка, особено на претседателот (на САД Доналд) Трамп“, изјави висок функционер на НАТО. „Голем број други сојузници ги чекаа да се јават“. Локацијата на командите ќе се процени во следните месеци.

Според дипломатите и функционери упатени во плановите, САД понудиле командата да биде сместена во Норфолк во Вирџинија, каде НАТо веќе има оператива.

Во Германија би можела да биде во Улм, на југот на земјата, или можеби во Келн, каде веќе има мултинационални и НАТО единици.

Формирањето на двете нови команди би било првото проширување на воениот пакт по две децении. Тоа ќе биде силен знак за источните европски членки, а германската понуда доаѓа во време кога се соочува со притисок од Вашингтон да троши повеќе на одбрана.

мкд.мк