САД и Франција мора да останат во Сирија и по војната

0
115

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека САД и Франција заедно со нивните сојузници мора да останат во Сирија и по завршувањето на војната за да ја изградат „новата Сирија“.

– Мораме да ја изградиме новата Сирија откако војната ќе заврши, изјави Макрон во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи оти американската улога ќе биде многу важна во овој процес.

Макрон вели дека со шефот на Белата куќа има „посебен однос“, бидејќи двајцата се политички „нескротливи“, бидејќи не се дел од класичниот политички систем, а ги поврзува борбата против тероризмот и приврзаноста кон слободата и мирот.

Тој најави дека при посетата на САД, од Конгресот ќе побара поддршка за да се намали влијанието на диктаторите и на непријателските држави.