САД одбележуваат 18 години од терористичкиот напад

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3.000 лица.

Нападите се случија кога терористи киднапираа четири авиони од кои два удрија во кулите близначки на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се сруши во руралниот дел од Пенсилванија, бидејќи патниците пружиле отпор.

Одговорност за нападот презеде Ал-Каеда, чијшто лидер, Осама бин Ладен беше убиен 10 години подоцна во Пакистан.

Во САД денот ќе биде одбележан со комеморација на која ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Share.