САД повторно го предупредуваат Косово за судoт за воени злосторства

0
365

Американската амбасада во Косово го повтори своето силно противење на обидите на косовските водачи да го укинат новиот суд за воени злосторства. САД предупредуаат дека сите обновени напори за отстранување на Трибуналот “ќе имаат длабоки негативни последици за европската иднина на Косово и нејзините односи со САД”. Десетици косовски пратеници минатата недела направија неуспешен обид да го укинат законот со кој се дозволува работата на Трибуналот да продолжи, откако воените ветерани поднесоа петиција велејќи дека судот е “пристрасен”. “Косовските водачи оваа недела дадоа јавни изјави дека иницијативата во Косовскиот парламент во врска со Специјалниот суд нема да наштети на меѓународните односи на Косово. Тие грешат”, се вели во соопштението на американската амбасада.

slobodnaevropa.mk