Саем на виртуелни компании во Економското училиште

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нивната идеја ја реализираа. 8 виртуелни компании денеска матурантите од СОУ „Јане Сандански“ од Битола ги претставија пред своите сооученици и пред посетителите.

Виртуелните компании ги изработија по предметот практична настава заедно со своите ментори. Се она што го работеле во текот на целата година го реализираа во нивните виртуелни компании. На Отворениот ден учениците иновативноста ја покажаа на дело. Од игротеки, ресторани, книжари, слаткарници до салони за убавина. Виртуелните комании се пример како се работи во реална компанија.

Предметот практична настава иако се изучува само во четврта година, во него се застапени сите стручни предмети кои што ги изучуваат учениците во сите  4 години  како економија, сметководство, маркетинг, бизнис. Менторките професорките Наташа Жоглева и Соња Карапашовска задоволни од она што го научиле нивните ученици и велат дека знаењето кое учениците го стекнале со основањето на овие виртуелни компании ќе им овозможи да го применат во иднина. на учениците  практично ове виртуелни компании биле пример како се работи во реална компанија.

Ова беше само еден од настаните кои што СОУ Јане Сандански ги реализира по повод патрониот празник.


Сите присутни кои што го посетија денеска СОУ Јане Сандански на Отворениот ден имаа можност да ја проследат и драматизацијата на македонски песни под менторство на професорката Христина Најдовска по македонски јазик и литература.

Практично со овај ден Економското училиште ги отвори вратите за идните средношколци  и покажа зошто токму тие да бидат нивниот избор. За следната учебна година според конкурсот на Министерството за образование можат да се запишат 170 ученици во 5 паралелки, од кои четири паралелки со четиригодишно образование и една паралелка со три годишно образование.

Share.