Саем на ракотворци во Битола

0
771

Со поддршка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на РМ, Здружението на уметници и ракотворци, Македонски ракотворби од Битола ја реализира традиционалната манифестација “Во срцето на Битола”. Непосредно со саемот на ракотворби кој се одвиваше на Широк Сокак со гости од цела Македонија, се одржаа и повеќе обуки и работилници за ракотворби. Акцентот беше ставен на сефардските мотиви во изработка на сувенири. На работилниците учество зедоа и многубројни туристи од Израел, европските земји и др, а беа спроведени во соработка со здруженијата 22 Нентори од Битола и Хуманитарна Преспа и женска солидарност од Ресен.