Само вчера контролирани 334 возила

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 21 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло.

Притоа,  исконтролирани се вкупно 334 возила и возачи и било констатирано  дека 17 возачи ја надминале дозволената брзина, тројца возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило и на мобилен телефон разговарал еден возач.  Сигурносен појас не користел еден возач.

Share.