Само 1,6 % од младите користат орална контрацепција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Само 1,6 % од младите до 29 години користат орална контрацепција, односно пилули, а помалку од 3% од паровите во целата земја користат какво било средство на модерна контрацепција. Ова беше посочено на денешната трибина насловена „Информираноста е клучна за здравјето на младите“ .Трибината ја организираше  асоцијацијата за здравствена едукација и истражување  Хера во соработка со МКЦ од Битола.

-Сите податоци покажуват на тоа дека постои недоволна информираност за сексуално преносливите инфекции, за тоа каде може да се набави контрацепција, кој од средствата од модерна контрацепција се достапни во нашата земја итн. Само 1,6% од младите до 29 години користат орална контрацепција, односно пилули, а помалку од 3% од паровите во целата држава користат какво било средство на модерна контрацепција, што е загрижувачки факт, рече Андријана Папиќ Манчева, координатор за комуникации од ХЕРА.

Овај загрижувачки податок велат од Хера покажува на недоволна информираност и на недоволен пристап до средствата за контрацепција.

-Ние во нашата земја ги немаме сите, а и тие што ги имаме не се на позитивната листа, што значи дека младиот човек треба да си ги плати, а сите знаеме каква е општата финансиска состојба во земјата, укажува недоволна застапеност на функционални младински центри низ целата земја каде што младите би можеле да се информираат и да добијат поддршка, меѓу другото укажува на стравот од осуда и срам за стигмата која што постои околу оваа тема, сексуално преносливите инфекции и контрацепцијата, многу ретко се дел од јавниот дискурс во земјава, додаде Папиќ Манчева.

Сексуално преносливите болести се голем проблем, посочи д-р Владимир Трајковски  , и додаде дека доколку навтреме не се реагира може да настанат проблеми и на репродуктивното здравје.

Со цел подигнување на свеста за поголема информираност на младите, од Хера спроведуваат врснички едукации за сеопфатно сексуално образование , кои што за прв пат ќе се организираат надвор од Скопје. Таква обука била одржана пред две недели во Битола. Трибината доби поддршка и од Цивика Мобилитас.

 

Share.