Само 7 пациенти се лекуваат во Ковид центарот во Битола

Во последните 24 часа немаше ниту примени, ниту испишани пациенти од Ковид центарот во Битола. Сега таму се лекуваат само 7 пациенти.

Во последното деноноќие имало 22 прегледи во амбулантата на инфективното одделение.

Вчера во Битола не беше регистиран нов случај на Ковид 19, а бројот на активни случаи е само 15.

 

 

Сподели