Јавното претпријатие „Водовод“ Битола информира дека дефектот на водоводната мрежа ж.ц. Ф 600, е саниран и водоснабдувањето на корисниците од населбата Брусничко-лавчанскиот регион 2 за скоро време ќе се нормализира.

Велат дека дефектот бил посериозен и одзеде повеќе време во санирањето, а работат и на средување на просторот околу местото на дефектот.













