ТЕРА

REKLAMA???

САНИРАН ДЕФЕКТОТ И НОРМАЛИЗИРАНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО

Во текот на ноќта саниран е дефектот на водоводната мрежа кој синоќа се појави на Булеварот „1 Мај“ во Битола поради што делови од градот останаа без вода. Во ноќните часови нормализирано беше водоснабдувањето.

Како што синоќа објавивме се работеше за голем дефект на водоводната мрежа (ПВЦ Ф -315). Оштетувањата на коловозот беа предизвикани од пукањето на азбестна цевка што предизвика вистинска хаварија на улицата.

На екипите на „Водовод“ и се приклучи на помош и екипа на „Нискоградба“, а на терен беше и градоначалникот Коњановски.