Санирање на земјена улица во Барешани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На барање на локалното население од населеното место Барешани, деновиве се изврши санација на улица која водеше од средината на селото кон селските гробишта и црквата која се наоѓа во непосредна близина на гробиштата.

Од страна на Општина Битола, беа санирани околу 250 метри од улицата со гребен асфалт, а на терен работеа екипи на КЈП „Нискоградба“, стои во соопштението од општината.

 

 

Share.