„После интензивните врнежи на дожд заедно со јавните претпријатија сум на терен за санирање на штетите на критичните места“ вака информираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.



Невремето кое попладнево го зафати регионот, предизвика поплавување на дел од улиците во нашиот град.
Екипите на ЈКП “Водовод” – Битола излегоа на терен интервенирајќи со цела оператива и механизација, за расчистување на улиците и тротоарите.
Истовремено екипите се координираа и со другите ЈП од Општина Битола со цел побрзо нормализирање на сообраќајот.
По иницијатива на градоначалникот на општина Битола е свикан општинскиот кризен штаб за справување со штетите од невремето.






И екипи на „Нискоградба“ се на терен за санирање на последиците по поројниот дожд кој ја зафати попладневно Битола.




Од „Комунелец“ информираат дека поради големото невреме кое денес ја зафати општина Битола нивни екипи веднаш започнаа со теренски активности за метење и чистење на улиците, каде ќе останат до вечерните часови се до целосно расчистување.
















