Во текот на изминатата ноќ (21/22.01.2023) во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 10 возачи. Од нив 8 на територија на Битола и 2 во Прилеп.
За време на контролата биле санкционирани и 14 останати прекршоци.
Од СВР Битола велат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.












