ТЕРА

REKLAMA???

САНКЦИОНИРАН ВОЗАЧ КАЈ КОЈ БИЛЕ ИЗМЕРЕНИ 4,55 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ

Саботата спрема неделата (19/20.08.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена беше засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР, при контролата санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево , 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар.

Во Прилеп е санкциониран и возач кај кого се измерени 4,55 промили алкохол.

За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци.

Полицијата вели дека скциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.