Сара Џесика Паркер со ексцентричен изглед низ улиците на Њујорк

Познатите како да заборавија на бегањето од папараците.  Во изминативе неколку месеци Сара Џесика Паркер постојано ги носи своите СЏП чевли од својата продавница. Вистинска девојка од Mенхетн, тоа е таа. Секогаш со автентичен њујоршки стил кој секогаш се совпаѓа со нејзиниот брз распоред преку денот од слушалките на уши па се до ранецот на рамо. Таа не е стереотипна девојка која се облекува целосно во црно во Њујорк, таа е некој кој ги руши сите предрасуди и ужива да носи тоа што сака. Таа е доказ дека Големото Јаболко е поексцентрично и поразнобојно отколку што мислиме. Ако некогаш сте живееле во Њујорк тогаш знаете за која ексцентричност зборувам. Жени во уметнички, уникатни соседства како СоХо или пак богатите бабички од Горната Источна страна на Њујорк, токму овие шетаат низ улиците во центарот на градот со уметнички несогласени стилови. Овде може се да помине!
И Сара Џесика Паркер го прифати овој стил и стави колку што можеше повеќе различни парчиња облека врз себе, палто со шара од леопард кое воопшто не одговараше со шарениот фустан, жешко розеви хеланки, високи потпетици од нејзиниот бренд СЏП и маска со богат шарен принт.
И кога би ги следеле модните правила овие парчиња облека воопшто не одговараат едни со други, но кога ќе ја погледнете Сара Џесика Паркер во целина тогаш ќе видите дека сето тоа некако убаво и атрактивно функционира. Најверојатно тоа е до самодовербата со која Сара зрачи. Како и да е едно е јасно, овој изглед е типичен њујоршки. Единствено што и фали сега е кафе за носење.
Сподели