Сашо Паркет, Пеце од Уникат и Горан Бојчевски времето го трошат на музика

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

– Битолскиот музичар Сашо Паркет од својот дом ни испрати видео за тоа како го поминува времето на само изолација. Тој кажа дека чита книги и дека свири на својата нова гитара.

– Пеце Тодоровски, фронтменот на Уникат Бенд од Битола, во својот дом времето го троши на музика. Тој секоја вечер на Фејзбук изведува музички нумери и го пополнува времето на сите кои го следат од дома, а за денешниот Ритам испрати порака до гледачите да останат дома и ја изведе нивната авторска песна Лето, ти и јас.

– За крај го имаме светски познатиот кларинетист, битолчанецот Горан Бојчевски, кој ова време на само изолација го троши на компонирање музика, а периодов направи две нови композиции.

Share.