СБ на ОН ја отфрли руската резолуција за Сирија

0
148

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа ја отфрли руската нацрт резолуција со која се бара ново експертско тело за утврдување на одговорноста за нападите со хемиско оружје во Сирија. Резолуцијата била прифатена само од 6 од 15 членки на Советот. Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли изјави дека руската нацрт резолуција била пристрасна и ја обвини Москва дека работи за да го заштити сирискиот претседател Башар ал Асад. Русија пред тоа стави вето на американската нацрт резолуција за Сирија за формирање истражен механизам за употребата на хемиско оружје во Сирија. Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија ги обвини САД дека сакаат резолуција за да ја оправдаат употребата на сила против Сирија.

slobodnaevropa.mk