ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО САМО 8 СТЕПЕНИ ВО БИТОЛА

Утрово 4 степени во Лазарополе, 6 Берово, Попова Шапка, Маврови Анови, 8 Битола, Крива Паланка, 9 Тетово, Крушево, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, 11 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, Претор, 12 Струмица, Виница, Охрид, Кавадарци, 13 Велес, Демир Капија, 17 Дојран, 18 Гевгелија.

Утрото посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските од 7 до 17 степени, а дневните температури од 22 до 31, во Битола до 28 степени.

Во четврток ќе има преодно дестабилизирање и локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а потоа следува период на стабилно и потопло време.