Светиот оган ќе стигне во Македонија преку Бугарија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија.

Ова е прв пат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква.

Митрополитот брегаланички Иларион со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, вечер на софискиот аеродром ќе го преземе Благодатниот оган од бугарскиот митрополит Антониј кој ќе го донесе од Ерусалим.

Владиката Антониј треба да слета на аеродромот во Софија во 19:30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија и во Македонија.

Share.