Свети икони поставени во Св.Великомаченик Георгиј во Бистрица

0
1456

По повод големото чевствување на Христовото Воскресение и Неделата посветена на Свети Апостол Тома викендов во Бистрица пристигнаа Светите Икони од Свештено Мачениците и Мачениците за верата Христова – Елефтериј, Евстатиј, Харалампиј и Христифор.На свечената церемонија имаше голем број на верници.

Светите Икони најнапред беа поставени на штафелај во центарот на Бистрица, а потоа се одржа литија до Храмот Свети Великомаченик Георгиј каде беа поставени иконите во централниот дел на Храмот, каде се изврши и осветување на истите. Исто така се одржа и Акатист кон светиите и Воскресна вечерна Богослужба.

Во текот на вчерашниот ден во Храмот Свети Великомаченик Георгиј – Бистрица се одржа Воскресна Утрена Богослужба и поставување на Светите Мошти во новоосветените истоимени икони и положување во претходно изработените целивни тронови, а верниците имаа можност да ги целиваат.