„Светлина“ нова збирка песни на Зоран Пејковски

Деновиве од печат излезе новата збирка песни на истакнатиот македонски писател Зоран Пејковски, насловена како „Светлина“.

Збирката песни „Светлина“ поделена е во четири циклуси. И тоа: „Записи во книгата на ангелите“, „Пролетта што нема да дојде“, „Вакуумот на универзумот“ и „Помен во чест и спомен“, во кои циклуси се наоѓаат 31 песна која композициски се поставени да длаби сѐ подлабоко во чувствата на човекот, на читателот затоа што оваа збирка песни е посветена на неговиот прерано починат внук Илија Плевнеш (36 години.).

Рецензент на оваа збирка песни е познатиот и вонвременски поет Славе Ѓорѓо Димоски, кој својата рецензија ќе ја наслови: „Никој не излекувал тага“.

Всушност, тој во својата рецензија ќе напомене дека:… „Стихов извлечен од книгата „Светлина“ од Зоран Пејковски наведува на традиционалните македонски тажаленки во кои низ неизлечливата тага се бара лач светлина која ќе го осветлува ликот на оној кој и самиот се претворил во ѕвезда/светлина. Светлина е она уточиште, онаа нишка со која се врзува суровата стварност со вечноста, а притоа да не се угаси вечниот оган на сеќавањето, бидејќи свеќите догоруваат, но нивниот пламен го осветлува бескрајот кој, народски кажано, е ДУША. Вечнаја памјат“.

Инаку, оваа збирка песни во неговите книжевно-драмски, поетски, прозни и публицистички остварувања ја достигна бројката од 51 книжевно дело.

Сподели