Светот гледа кон Софија за иднината на Западен Балкан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Самитот во Софија на Европската унија е посветен на Балканот.

Тoj е првиот по 15 години и става акцент на европската перспектива на шесте земји од регионот. Фокусот на европските лидери, исто така, падна на опасноста од иранскиот нуклеарен договор и насилството меѓу Израелците и Палестинците.

Важната за Бугарија тема е промената на пакет “Мобилност”, за што настојува целиот транспортен сектор , поддржан од бугарската влада. Официјално, агендата на Самитот е поврзување на земјите од Западен Балкан и дигиталната безбедност. Настанот се набљудува со посебен интерес. Акредитирани се околу 960 новинари од целиот свет.

Форумот со домаќин премиерот Бојко Борисов започнува во НДК и е најголемиот настан во рамките на Бугарското претседателство на Советот на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе раководи со Самитот ќе ја претставува Европската унија, заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. На форумот ќе учествуваат исто така високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, комесарот за европската политика за соседство и преговори за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, прецизираат од владината прес служба на Бугарија. Дискусијата ќе се фокусира на поврзување – во однос на транспортот, енергијата, дигиталната инфраструктура, образованието итн.

 

Share.