Светскиот бренд Axel отсега и во Битола

0
2860

– Битолчанки препознаваат естетика и квалитет -поаѓајки од оваа мисла сопствениците на светскиот моден тренд Аксел за Македонија, го носат овој бренд во Битола, за прекрасните битолчанки .
За неговото отворање е заслужна   фирмата „My shoes group“ чии ексклузивни претставници се бутиците “Axel“ и “Adam’s shoes“.

– Битола  е градот каде модните трендови секогаш се следат и скоро секој сака убаво и модерно да се облекува и убаво да изгледа, бидејќи битолчани ја имаат таа традиција на воведување на се што е модерно, истакна сопственичката Здравковска.

Привлечните бои и нијанси заедно со природните материјали, се споени во несекојдневно урбани креации и се надополнување кон стајлингот на секоја битолска дама .
Сакајќи да се во чекор со светските трендови, во тој дел, тука е и модната  линија на  Axel girl, која плени со нежност и суптилност.

Тука нашето внимание го привлекоа најразличните модели на фустани во пастелни  бои со преубави дезени, за сезоната пролет/лето 2018 год. во “бохо“, стил кој е моден летен хит. Со овие фустани заради квалитетните материјали секоја жена ќе се чувствува убаво во топлите летни денови. Покрај фустани, во овој бутик ќе пронајдете различни модели на пантолони, кошули и јакни.
Тука се и модните додатоци и аксесоари – женски ташни, марами, каиши и висококвалитетна бижутерија.
Гардеробата битолчанки може да ја надополнат со моделите од линијата на обувки -сандали, еспадрили. И во нив доминираат преубавите бои и квалитетни материјали.
Овој бутик е бутик во чекор со светките трендови.
Најновите модели за сезоната пролет/лето2018 на единствениот Широк Сокак .

Стилот на светскиот бренд “Axel“е  посебен, препознатлив, оригинален стил кој и го заслужуваат битолчанки, а со кој дополнитлено ќе бидат убави, тренди и ќе заблескаат оваа сезона .