Светските лидери побараа истрага за ковид 19

Светската здравствена организација подетално да го испита потеклото на Ковид-19 во Кина, бараат лидерите на Седумте најразвиени индустриски земји Г7 (САД, Канада, Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Јапонија) во заедничка деларација објавена по тридневниот Самит во Корнвол, Велика Британија.

Во изјавата тие нагласуваат дека втората фаза од истрагата мора да биде транспарентна, темелна и водена од експерти. Во однос на коронавирусот, тие се согласиле и да донираат една милијарда вакцини на сиромашните земји, количина за која СЗО се огласи и рече дека не е доволна.

Во декларацијата се повикува и Кина да ги почитува човековите права на ујгурското муслиманско малцинство во Ксинџијанг и на жителите на Хонг Конг, притоа изразувајќи подготвеност да соработува со Пекинг за прашањата од заеднички интерес.

Сподели