Светски ден на Даунов синдром

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Од Центарот за Даунов синдром се вклучуваат во светската мапа на голема кампања по повод Светскиот ден на дауновиот синдром, која во сите земји е различна.
Со презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“ денеска во Кинотека на Македонија во Скопје ќе биде одбележан 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром.
Организаторите информираат дека во рамки на одбележувањето ќе има и балетски перформанс.

Да се формираат групи кои ќе понудат и медицински и психолошки сервиси за поддршка на лицата со даунов синдром, бараат од Центарот за даунов синдром.

Македонија е многу назад во нудењето сервиси и можности за лицата со даунов синдром, додека во другите држави завршуваат универзитети, редовно се вработени и нивниот живот е функционален и самостоен. Се уште постои голема потреба од системски решенија. Се уште нема податоци за бројот на лица со даунов синдром, рече претседателот и основач на Центарот за Даунов синдром, Ида Мантон на прес-конференција по повод 21 Март, Светскиот ден на даунов синдром.

Целта на овие кампањи е да се докаже како луѓето со Даунов синдром можат, и даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали во училиште, на работа, во општеството, јавниот и политичкиот живот, културата или спортот.

Проектот „И јас можам да бидам балерина“ е имплементиран со помош на Европската Унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект финансиран од страна на Европската Унија, и кофинансиран од УНИЦЕФ.

Share.