Свеченост за ресторанот „Вила Молика“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во населбата Довлеџик, на патот кон Брусничката населба, синоќа со звучни имиња од фолк естрадата, колеги и соработници на групата Молика и Анета Мицевска, свечено беше отворен нивниот ресторан „Вила Молика“. Фронтменот на групата Молика, Џими Мицевски истакнува дека ова им било желба одамна и вели дека ресторанот е направен со пари од музика и дека во него секогаш ќе има музика. Оворањето на ресторанот беше во очи празникот Митровден, кој воедно е и куќна слава на фамилијата Мицевски.

На забавата присуствуваа и популарни пејачи, колеги на Анета и Молика, а за забавата вечерта се погрижија Енерџи Бенд и Ѓоко Јовиќ.

„Животна желба ми беше да имам свој ресторан“, истакнува Мицевски.

Ресторанот во наредниот период ќе работи само за договорени настани.

Во кујната на ресторанот ќе има специјалитети кои се популарни на секаде низ светот, со што нивната понуда ќе ги направи поразлични од останата во градот.

Во наредниот период, како што истакна Мицевски во преговори се со ѕвезди од поранешните југословенски простори, кои ќе имаат свој настап во Вила Молика, како и организирани забави за Новата година и празниците после неа.

Во иднина во Вила Молика е предвидено да има и луксузни апартмани со поглед кон Пелистер.

„Објекот е направен од музика и ќе живее од неа“, вели Мицевски

„Цените на она што го нуди Вила Молика ќе бидат прифатливи за сите“, Додава Мицевски.

Популарните фолк пејачи Ѓоко Јовиќ и Марјан Коцев упатија честитки кон фамилијата Мицевски за новоотворениот ресторан Вила Молика.

Честитка упати и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски.

Вечерта пред многубројните гости, се осветуваше ресторанот, а потоа продолжи забавата со Енерџи Бенд, но тука беа и Татијана Стефановска, Влатко Лозановски и уште многу други нивни колеги и соработници кои придонесоа за подобра атмосфера, а на крај после свеченото отворање и огномет како изненадување од нивните колеги од групата Молика.

Share.