ТЕРА

REKLAMA???

СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА 2022 НА БАС

На свеченост Бизнис Академијата Смилевски викендот им ги врачи дипломите на студентите од додипломските студии од насоката бизнис менаџмент и на постдипломските студии на програмата специјалист по стратегиски менаџмент.

На присутните им се обрати и основачот на акдемијата проф.д-р Цветко Смилевски.

И првиот човек на академијата, директорката Маја Кузмановска им честиташе на дипломците и искажа благодарност до основачите на БАС.

Тринаесеттата генерација на дипломци како што рече професорката Гордана Тасевска е пред нови предизвици во актуелното време.

На партнерските организации им доделија благодарници за соработката во делот на практичната настава на нивните студенти.

Во наредната академска година на БАС ќе се запишат 154 студенти на прв и втор циклус студии.