Свечено доделени дипломи на Техничкиот факултет во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес на Техничкиот факултет во Битола беа доделени 78 дипломи на прв циклус на студии и 13 дипломи на втор циклус-магистерски студии.

-Техничкиот факултет е најстара и најголема единица на Универзитетот„Св.Климент Охридски“ во Битола која 57 години врши високообразовна научно-истражувачка и апликативна дејност и е извор на стручни кадри кои се вклучуваат во производните процеси на домашни и странски компании кои се повеќе се отвараат во нашата земја. Посебно можеме да се пофалиме дека во наредната академска година ќе бидат доделени 5 стипендии од ЕЛЕМ во висина од 6000 денари, 5 стипендии од МЕПСО во висина од 6000 денари, 1 стипендија од ЕВН во висина од 6000 денари, 5 стипендии од Кромберг и Шуберт во висина од 6000 денари месечно. Исто така ќе бидат доделени голем број на уписнини во висина од 200 евра на најдобрите запишани студенти на Технички факултет, бидејќи инженерскиот кадар претставува носечка сила во развојот на секоја држава, кој е баран не само во земјата туку и пошироко во светот, рече проф.д-р Стојанче Нусев, декан на Технички факултет.

Share.