Со свеченото доделување на наградите, денес заврши 42 издание на Малиот Битолски Монмартр. Највисоките награди беа доделени за следните учесници:
Најдобро школо на светската детска ликовна колонија е Simply Art од Хонг Конг-Кина. Наградата е доделена по Статут од страна на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола преку Плакета, чиј покровител е градоначалникот на Општина Битола, а во негово име наградата ја додели заменик градоначалникот Бојан Бојковски.

Најдобар учесник – ученик на светската детска ликовна колонија за Мируна Иоана Морте – Романија. Ученичката доби и посебно признание од Здружението на занаетчии на Битола – сребрен крст кој е изработен во 1ООО годишен калап.
Доделени се и 12 награди за индивидуален ликовен пристап, како и благодарница на ОО Црвен Крст Битола за соработката со нивните волонтери.













