Свечено отворен 20 Интернационалиот фестивал на монодрама Битола 2018

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со прогласувањето на фестивалот за отворен, од страна на претседателот на меѓународното жири Коле Ангеловски ,  во Битола започна 20-тото јубилејно издание на Интернационалиот фестивал на монодрама Битола 2018.

Време е за театар, на актерите им посакуваме добра игра, а на публиката да ужива во понудените претстави“, рече на сцената доајенот на македонското актерство и режија Коле Ангеловски.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска, ги истакна културните дострели на Битола како град и на традицијата кон културата која Битолчани ја негуваат.

Фестивалот е време во кое ние полтичарите треба да замолчиме, а актерите да говорат и да кажат се што имаат пред публиката. 20 години јубулеј на ваков фестивал е само доказ дека Битола е лулка на културата во земјава“, рече Петровска .

Пред присутните се обрати и в.д. директорот на Центарот за култура Битола Зоран Димовски, кој го посочи патот на организаторот низ различни премрежја и предизвици во изминатите 19 фестивалски години.

Во чест на актерите, на свеченото отворање беше одиграна претставата „Фигуре венерис хисторе“ на театарот Војдан Чернодрински од Прилеп, во присуство на бројната битолска публика, неговото Високо преосвештенство г. Петар, заменик министерот за култура Владимир Лазовски и гостите актери на фестивалот.


Share.