Свирна возот за Кременица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска во 10:30 од железничката станица во Битола тргна патничкиот воз кон Кременица. Како што веќе известивме денеска до 13 часот ќе се прави тестирање на новата пруга кон Кременица.

Во известувањето до медиумите се вели дека пружните премини и рампите се во функција, но ги повикуваат граѓаните да ја почитуваат сигнализацијата и замолуваат да се обрне особено внимание на премините.

После многу децении за прв пат патнички воз сообраќа на оваа релација. Повеќе за ова гледајте во денешниот Актуел 16:55.

Share.