Св. Кипријан Слепченски за светител – заштитник, покровител и патрон на градот Демир Хисар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во конференциската сала во СОУ „Крсте Петков Мисирков” се одржа свечениот дел од редовната 11та седница на Совет на Општина Демир Хисар. По претходно донесената иницијатива од страна на академци, професори и магистри – почитувачи и пријатели на манастирот Слепче, едногласно беше донесена Одлуката за прифаќање на предлогот и поддршка на иницијативата за прогласување на Св. Кипријан Слепченски за светител – заштитник, покровител и патрон на градот Демир Хисар.

На седницата присуствуваше Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Според проф. д-р Сашо Цветковски овој монах и игумен на манастирот Слепче, кој маченички  пострада 1780 год. несомнено е еден од најзнаменитите личности во историјата на манастирот од периодот на доцниот среден век. Во негово време манастирот Слепче го доживува својот последен голем економски и духовен подем како континуитет на претходната традиција од времето на 16 и 17 век.”

Oдлуката на Совет за прогласување на светител – заштитник, иницијативата ја дадоа група од 10 ина академици и универзитетски професори на УКИМ, меѓу кои и сега покојниот академик и прв министер за култура во независна РМ, Цветан Грозданов.

Градоначалникот Стојановски упати благодарност до иницијаторите.

„Нека ни е честит изборот на патронот-заштитник на нашиот град, Св. Кипријан Слепченски. Посакувам да понатаму градот Демир Хисар и целата општина ја прати среќа, да ја прати здравје и благосостојба под покровителство на нашиот од денес Св. Кипријан, Слепченски” – на своето обраќање пред присутните рече градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.


На свечената седница освен членовите на Советот, присуствуваа и политички партии, гости, соработници, почитувачи на манастирот Слепче и др.

Share.