Битола тони, Тони митингува!, ваков е насловот на реакцијата на битолската СДСМ за присуството на градоначалникот на вчерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.
„Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го достигна својот најголем успех после две и пол години мандат! Испорача неколку автобуси за митингот на неговата партија во Скопје!
За да успее во задачата, Коњановски ослободил вработени во општинската администрација да заминат порано од работа за да ги “фатат” автобусите обезбедени од партијата! Неговиот пример го следеле и партиските директори во јавните претпријатија! Сите партиски војници во надлежност на општината имале скратено работно време оти сликите не трпат празни седишта!
Во преостанатото време од мандатот, Коњановски со истиот жар со кој полни автобуси, нека се посвети на реализација на проектите што ги вети! Да не чека неговиот партиски лидер да му помогне кога ќе стане Премиер оти тоа нема наскоро да се случи!
На битолчани им е повеќе од јасно дека со ДПМНЕ и со Тони, Битола две и пол години тони! ДПМНЕ и Силјановска не можат да донесат промени на подобро! Граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“ стои во реакцијата на битолската СДСМ.













