СДСМ и коалицијата ќе обезбедат изградба и на велосипедски патеки и реконструкција на поранешниот ресторан Парк, велат од битолската СДСМ.
„Општина Битола, со буџет од над 33 милиони евра годишно, има пари, само треба правилно да се искористат“ стои во нивното соопштение.
Од партијата го коментираат делењето европски знаменца на нивните советници од советникот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.
„Мицкоски вели ако има европско знаменце, го напуштаме парламентот! Бојкоски дели европски знаменца! Дезориентираноста на ДПМНЕ е пред кулминација! Битола ќе добие и велосипедски патеки и реконструиран објект Парк. СДСМ и коалицијата ќе го овозможат тоа“ велат од СДСМ.












