Опозициската СДСМ денеска со реакција за настанот на кој се креира буџетото на Општина Битола.
„Буџетот на Битола не се прави в кафана! Буџетот на Битола не го прават само ДПМНЕ, нивниот партиски секретар, нивните партиски директори! Буџетот на Битола го прават битолчани и доста се понижувањата што ги приредува ДПМНЕ на своите кафански сеанси, со избрани гости! Каде се на сликите советниците од останатите политички партии? Каде се на сликите советниците од Поинаку и Левица, коалиционите партнери на ДПМНЕ во Битола? Нормално е за нив ова партиско аздисување на ДПМНЕ? Коњановски и екипата четири пати организираат средби по кафани со свои партиски послушници, ги прикажуваат како средби со граѓани, а ги плаќаат со пари на битолчани“ стои во реакцијата на партијата.
И додаваат, како што велат, оваа забеганост на ДПМНЕ и нивниот градоначалник ја немаше ниту во времето на нивниот претходен градоначалник Талески.












